Се продава италијанскиот гигант Јувентус. Италијанскиот дневен весник „Ил Џорнале“ ја објави сензационалната вест утринава. Според изданието, холдингот „Ексор“, кој ги поседува акциите на „старата дама“, размислува да се повлече од клубот.
Компанијата, која ја води семејството Ањели, смета дека Јувентус повеќе не ги носи потребните приходи и не е „финансиски одржлив“. Во последните години клубот е растргнат од голем број скандали и постојано има правни проблеми.
Според „Ил Џорнале“, цената на клубот е 1,5 милијарди евра.
Јувентус доби забрана за учество во европските клупски натпреварувања откако заврши на седмата позиција во конечниот пласман во Серија А. Тоа бидејќи му беа одземени 10 бода поради лажно сметководство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













