Connect with us

Семејството Глејзер сега бара најмалку 6 милијарди фунти за продажба на Манчестер Јунајтед

Актуелните сопственици на Манчестер Јунајтед се премислија и ја зголемија сумата која ја бараат за продажба на акциите на клубот од „Олд Трафорд“. Во последно време, сè што се случува околу клубот е далеку од здодевно, напротив. Сега семејството Глејзер се чини дека ја подигна сумата за продажба на најмалку 6 милијарди фунти.


Ерик Тен Хаг и неговиот тим играат сѐ подобро, а потенцијалните понудувачи до минатиот петок требаше да достават понуди за комплетно преземање на клубот. Понуди достација катарски инвеститори, како и Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британаец и сопственик на „Инеос“.


Инвестициската банка Реин, која го води целиот процес на можна промена на сопственоста, контактирала со претставниците на двете страни за да побара од нив да ги ограничат сите јавни настапи со експресно појаснување дека тоа може сериозно да наштети на можниот договор.


Семејството Глејзер, кое не е омилено кај навивачите на тимот, очигледно е загрижено за дополнително зголемување на тензиите кај фановите, што на некој начин би ја ослабало нивната преговарачка позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови