Шкотскиот гигант Селтик влезе во преговори со Абердин за трансферот на Бојан Миовски оваа зима, откриваат шкотските медиуми. Менаџерот Брендан Роџерс посакува нов напаѓач поради тоа што ќе загуби дел од најдобрите фудбалери кои ќе играат за своите селекции на Азискиот куп.
Проблемот на Селтик е што има на располагање околу 10 милиони фунти за нови засилувања, а сака да ги засили сите три линии во тимот. Токму затоа раководството на шкотскиот гигант се обидува да ја намали отштета што Абердин ја одреди за Миовски, а изнесува 6 милиони фунти.
Доколку го купат македонскиот напаѓач кој сезонава веќе постигна 14 гола, тогаш ќе им останат многу малку пари за засилувања во останатите делови од тимот.
Покрај Селтик, за Бојан Миовски има интерес и од поранешниот премиерлигаш Саутемптон, кој сега се обидува преку Чемпионшип повторно да се врати во елитата и во моментот се наоѓа на третата позиција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski