Connect with us

Седлоски: Заслуживме триумф против Брегалница, сега се фокусираме на Вардар

Македонскиот прволигаш Работнички го оствари првиот пролетен триумф совладувајќи ја Брегалница со 2-0. Марселин Гандо Биала и Рашид Содик беа стрелци на головите за „романтичарите“ при враќањето на Националната арена „Тодор Проески“.


Тренерот Гоце Седлоски е задоволен од триумфот и вели дека тимот сега се фокусира на следниот дуел против Вардар.

„Задоволни сме од победата над Брегалница, мислам дека ја заслуживме, иако и противникот имаше свои добри моменти во текот на натпреварот. Фудбалерите покажаа голема желба за триумф и тоа донесе резултат. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и на наредните натпревари. Сега нѐ очекува градското дерби против Вардар и веќе сме фокусирани на тој дуел“, изјави Гоце Седлоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови