Connect with us

Седлоски: Честитки за фудбалерите, не е лесно да се победи во Битола

Шкупи ја оствари втората победа во шампионатот, прва на гостински терен оваа сезона. Тимот од Чаир славеше со 0-2 против Пелистер под „Тумбе кафе“, а тренерот Гоце Седлоски знае дека не е лесно да се слави во Битола.

„Сакам да им честитам на фудбалерите за оваа победа. Одиграа квалитетен натпревар од самиот почеток иако речиси еден час бевме со играч помалку на теренот. Многу сум среќен за оваа победа и мислам дека целосно ја заслуживме иако во Битола е тешко да се победи. Сега не очекува дуелот во Струга, исто така тежок натпревар за нас, но максимално ќе се подготвиме за новиот предизвик“, изјави Гоце Седлоски, кој е избран за МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО.


Шкупи ќе гостува во Струга претстојниот викенд во четвртото коло од Првата фудбалска лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови