Connect with us

Се појави нов кандидат за тренер на Баерн Минхен

Во Шпанија се појавија информации дека Зинедин Зидан е на прагот да стане тренер на Баерн Минхен следната сезона, но во Германија го тврдат сосема спротивното.


Баерн одлучил да го сака Џулијан Нагелсман назад, но тој одбил и го продолжил договорот со германската репрезентација до Светското првенство во 2026 година. Во клубот не биле подготвени за таков исход и воопшто не подготвиле резервна опција.

Сепак, Баерн има нов тренерски кандидат. Станува збор за Себастијан Хенес, тренерот на Штутгарт и внук на Ули Хенес, еден од челниците на Баерн.

Хенес во досегашната кариера две години ги водеше јуниорите на баварскиот клуб, во 2019 година седна на резервната клупа и ги предводеше до титулата најдобри во Третата лига во Германија.

Потоа две години работеше како тренер на Хофенхајм, а во април минатата година го презеде Штутгарт и го извлече од дното на табелата.

Хенес успеа да го задржи Штутгарт во лигата, а оваа сезона го претвори во шампионски хит. „Швабите“ моментно се на третото место со 63 бода, исто толку има и Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови