
Фудбалскиот клуб Фламенго реши да му врачи отказ на Хорхе Сампаоли.
Фламенго победи само еднаш во последните шест натпревари, а тимот е само седмопласиран во бразилската Серија А, па разделбата беше неизбежна.
Аргентинецот ја презеде клупата на Фламенго во април, на клупата беше 39 натпревари.
Тој претходно не се прослави во Севилја и во Олимпик Марсеј, а останува да се види дали сега ќе се врати во Европа или тренерската кариера ќе ја продолжи во Јужна Америка.
Сампаоли претходно беше и селектор, со Чиле направи историски успех освојувајќи ја Копа Америка, а потоа разочара и на клупата на Аргентина на СП 2018 во Русија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal