Познатиот словенечки голман Самир Хандановиќ (39) реши да стави крај на кариерата. Иако сакаше да продолжи да брани на крајот од минатата сезона, кога го напушти Интер, не можеше да најде соодветен ангажман и реши да ја заврши кариерата.
Хандановиќ од почетокот на летото бара нов клуб и бидејќи не можеше да се договори со ниту еден, прифати да се врати во Интер во друга улога.
Таму го чека местото советник на голманите во стручниот штаб на тренерот Симоне Инзаги.
Тој помина 11 години во Интер, каде што се разви во еден од најдобрите голмани во Серија А. За „нероаѕурите“ забележа 455 настапи и освои едно „скудето“ и два Купа на Италија.
Сега го чека нов предизвик со 39 години да му биде од голема помош на Интер во пронаоѓањето на нови голмани, но и да работи со постоечките голмани во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













