Вилијам Салиба и Мартин Одегард, двајца од клучните фудбалери на Арсенал, се уверени дека „топчиите“ можат да го свртат развојот на настаните во реваншот против Пари Сен Жермен во Франција.
Централниот дефанзивец Салиба призна дека тој и неговите соиграчи биле „изедени живи“ во првите минути од натпреварот на „Емирати“.
ПСЖ започна совршено, поведувајќи уште во четвртата минута преку Осман Дембеле — тоа беше и единствениот гол на првиот натпревар, кој беше израмнет според статистиката (5-4 прецизни удари во корист на Арсенал).
„Во првите 20 минути не изедоа живи, но потоа бевме многу подобри и можевме да изедначиме до крајот на првото полувреме. Но, ништо не е завршено. Ќе играме уште еден натпревар на ‘Паркот на принцовите’ и се надеваме дека ќе победиме таму“, изјави Салиба.
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, исто така не го криеше разочарувањето.
„Разочаран сум од резултатот. Сакавме да победиме и подобро да почнеме, но мора да веруваме дека можеме да направиме пресврт. Мора да научиме од овој меч и да се вратиме посилни за реваншот. Раниот гол влијаеше многу, а потоа ни недостасуваше завршница во последната третина — последното додавање, комбинации, за да бидеме навистина опасни. Ќе анализираме и ќе одиме во Париз со уверување дека можеме да се вратиме“, посочи капитенот Одегард.
Реваншот меѓу ПСЖ и Арсенал е закажан за среда, 7 мај, во Париз. Дотогаш, ПСЖ ќе гостува кај Стразбур, додека Арсенал го пречекува Борнмут во националните првенства.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













