
Новата сезона во Премиер – лигата започна со спектакл на „Енфилд“, каде Ливерпул славеше против Борнмут со 4-2. Но, резултатот овојпат беше во сенка на емоциите – овој меч беше првиот официјален настап на „црвените“ дома по трагичната загуба на Диого Жота.
По последниот свиреж, играчите застанаа пред трибините и се приклучија на навивачите во чест на Жота. Мохамед Салах беше најпогоден – со солзи во очите аплаудираше кон публиката и беше последниот кој го напушти теренот.
Салах и Жота поминаа пет години заедно во Ливерпул и создадоа блиско пријателство. Египќанецот својот гол против Борнмут го прослави на ист начин како Жота, испраќајќи последна почит кон својот соиграч и пријател.
Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда
