
Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, испрати силна порака до навивачите на Арсенал откако тимот повторно остана без трофеј, и покрај добрите настапи во изминатата сезона.
Тимот на Микел Артета третпат по ред заврши на второто место во Премиер – лигата, додека во Лигата на шампионите „топчиите“ стигнаа до полуфиналето, но беа елиминирани од ПСЖ.
Во останатите домашни натпреварувања, Арсенал испадна уште во третото коло на ФА Купот од Манчестер Јунајтед, а во Карабао Купот загуби од Њукасл во полуфиналето.
И покрај разочарувањата, Букајо Сака објави силна порака.
„Сите знаеме која е мисијата. Работиме за да оствариме нешта што овој тим одамна не ги видел. Нашето време ќе дојде“, истакна Сака.
Се очекува Арсенал да биде многу активен на летниот трансфер-пазар. Преку целата сезона „топчиите“ имаа големи проблеми со повреди на клучни играчи, особено во нападот. Се верува дека новиот спортски директор Андреа Берта активно работи во таа насока, а најчесто споменувани имиња за нов напаѓач се Бењамин Шешко и Виктор Ѓокереш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар по пет месеци го напушта Сантош?

Евро-фудбал
Маркус Рашфорд пред трансфер во Интер?
