Њукасл испрати понуда од 80 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси, за напаѓачот на Лајпциг, Бењамин Шешко, но потоа и Манчестер Јунајтед излегол со слична понуда.
Најинтересно е што Шешко веќе дал согласност за личните услови со двата клуба, така што нема пречки од негова страна. Одлуката за трансферот ќе зависи од тоа кој клуб ќе понуди подобра сума и поповолна структура на договорот за Лајпциг.
Засега, Њукасл има мала предност, но се очекува конечната одлука да биде донесена во наредните часови или најдоцна утре.
Оваа трансферна сага би можела да влијае и врз иднината на напаѓачот на „чавките“, Александер Исак, кој се поврзува со можен трансфер во Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













