Connect with us

Садио Мане за првпат проговори за тепачката со Лирој Сане

Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане, за првпат го коментираше конфликтот со Лирој Сане. Сенегалецот го удри со тупаница во лицето својот соиграч по поразот од Манчестер Сити со 3:0 во април.


Конфликтот меѓу двајцата започнал на теренот и бил пренесен во соблекувалната. Мане беше казнет од клубот со 250.000 фунти. Дцајцата фудбалери се смирија по инцидентот, при што Сане дури го молеше клубот да не го раскине договорот со поранешниот играч на Ливерпул.

„Такви работи се случуваат. Успеавме да го решиме овој мал проблем. Понекогаш е добро да се решаваат проблемите, но веројатно не на ваков начин. Сепак, сето тоа го оставивме во минатото“, изјави Садио Мане за сенегалската национална телевизија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови