Connect with us

Руди Гарсија добил отказ од Ал-Наср зошто многу им викал на Роналдо и соиграчите

Францускиот тренер Руди Гарсија е отпуштен од функцијата тренер на Ал-Наср. Клубот одигра без голови на гости против Ал Фејха, тимот за кој игра Александар Трајковски.


Според информациите, Руди Гарсија добил отказ поради лошите односи со играчите.

„Трпението на саудиските газди го снемало кога Гарсија влегол во расправија со играчите во соблекувалната. Тоа е директната причина за неговиот отказ“, тврди „Марка“.

Руди Гарсија не ги оправда очекувањата на раководството. Ал-Наср е втор во поредокот, со три бода помалку од Ал-Итихад на седум кола до крајот на првенството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови