
Алехандро Гарначо најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, откако менаџерот Рубен Аморим јасно му ставил до знаење дека не влегува во неговите планови за следната сезона.
Се наведува дека сè започнало по финалето на Лигата на Европа, кога Гарначо изрази незадоволство во медиумите бидејќи играл само 20 минути. Таа негова реакција секако стигна до Аморим, кој прво одговорил преку медиумите, а потоа и директно до аргентинскиот фудбалер.
Иако во јануари се споменуваше негов трансфер во Наполи, кој пропадна, ова лето се очекува дефинитивно заминување – можеби дури и по пониска цена, со цел Јунајтед да го продаде побрзо.
Аморим, според англиските медиуми, ќе остане на клупата на Манчестер Јунајтед и следната сезона, а неговата визија не го вклучува Гарначо – делумно поради односот на играчот кон клубот и дресот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
