Connect with us

Роналдо ќе вози со велосипед 450 километри зошто Валјадолид се врати во Ла Лига

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо Луис Назарио дa Лима, познат и како Феномен, се наоѓа пред сериозен предизвик. Тој ќе го вози со велосипед растојанието од Валјадолид до Сантијаго де Компостела, кое е околу 450 километри.


Роналдо во 2018 година купи 51 отсто од акциите на Валјадолид, а по испаѓањето на тимот од Ла Лига минатата сезона вети дека доколку се врати во елитата ќе мине по патеката на Камино де Сантијаго.


„Ветив дека ќе го сторам тоа ако се вратиме во Ла Лига. Бидејќи не можам да трчам, тоа ќе го сторам со велосипед. Ќе биде одлично. Знам дека ќе патам, но впечатоците ќе останат незаборавни“, изјави Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови