
Новиот шеф на стручниот штаб на Работнички, Ратко Достаниќ, официјално ќе стартува со работа в четврток. На 26.декември во 16 часот е закажана првата прозивка на новиот тренер, кој веднаш почнува со сериозен пристап и ќе одржи неколку тренинзи со тимот во пресрет на новогодишните празници, информира клубот преку официјалниот сајт.
Потоа ќе следи кус одмор и старт на зимските подготовки пред заминувањето во Анталија.
Првиот дел од сезоната резултатски не беше на посакуваното ниво, но очекувањата се дека пролетта ќе биде многу подобра. Со напорна работа на зимските подготовки под раководство на Ратко Достаниќ, Работнички очекува поуспешен втор дел од шампионатот. „Романтичарите“ по есенскиот дел се наоѓаат на последната позиција на табелата со 15 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
