Познатиот италијански фудбалер Џакомо Распадори би можел веќе по шест месеци да се врати во Серија А, откако Рома сериозно се заинтересира да го доведе на позајмица од Атлетико Мадрид, пренесува „Газета дело Спорт“.
Поранешниот член на Наполи на средината на август, по освојувањето на шампионската титула со клубот, се пресели на „Ванда Метрополитано“ во трансфер вреден 22 милиони евра.
Сепак, на почетокот на сезоната во тимот на Диего Симеоне не го оправда очекувањето.
Асистенцијата против Ливерпул и голот против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите беа единствени светли моменти во прилично скромните партии на некогашниот првотимец на Сасуоло, па се шпекулира за негово враќање во Италија.
Според најпопуларниот спортски весник на Апенинскиот Полуостров, иницијалните контакти се веќе воспоставени. Распадори е заинтересиран за позајмица, но конечната одлука е кај Атлетико, со кој има договор до летото 2028 година.
Интересот на Рома за Распадори не е новост во италијанскиот фудбал, бидејќи „волчицата“ претходно се интересираше за играчот кој во сезоната 2021/22 постигна двоцифрен број голови за Сасуоло во Серија А.
Планот на Рома е да го доведе Распадори на позајмица со право на откуп на лето за обештетување од 20 до 22 милиони евра, што би го анулирало износот што Атлетико го плати на Наполи ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













