Лето на големи одлуки се чини дека доаѓа во Мадрид. Родриго Гоеш, еден од најталентираните напаѓачи на Реал, е на чекор од заминување од „Сантијаго Бернабеу“. Причината? Се чувствува потценето.
Бразилецот, кој дојде во клубот во 2019 година, низ годините покажа колку може да биде клучен – постигнуваше голови во најтешките моменти, решаваше натпревари кога доаѓаше од клупата. Но, секогаш беше во сенка – прво на Винисиус, а сега и на Мбапе и Белингaм.
Според шпанска „Марка“, на Родриго сега му „пукнал филмот“. Со 24 години и над 250 натпревари во белиот дрес, решил дека е време за промена. Не сака повеќе да чека во втор план додека фокусот постојано е на другите.
Интерес за него не недостасува – од Саудиска Арабија до Англија, неколку големи клубови се подготвени да го пречекаат. Ливерпул важи за прв фаворит, Манчестер Јунајтед веќе подготвува реконструкција на тимот, а Пеп Гвардиола отворено го посакува во Манчестер Сити.
Реал Мадрид ќе бара околу 100 милиони евра, иако неговата пазарна вредност се проценува дури и до 200 милиони. Договорот му трае до 2027, но клубот е подготвен да го пушти доколку стигне соодветна понуда.
Во изминатите шест сезони, Родриго освои сè со „кралевите“ – Лига на шампиони, Ла Лига, Суперкупови… но сенката на резервната клупа не дозволи неговите бројки секогаш да блеснат. Во 267 настапи, постигна 68 голови и асистираше 50 пати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













