
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, во овој момент изгледа дека не размислува за трансфер и е целосно фокусиран на освојување на место во стартниот состав под водство на новиот тренер, Чаби Алонсо. Тоа барем може да се заклучи од неговата објава на социјалните мрежи по натпреварот со Тирол, во кој постигна еден од головите.
Мечот во вторникот во Инсбрук не беше само уште еден настап за Родриго Гоеш во дресот на Реал Мадрид. Ова беше негово прво појавување по лето исполнето со шпекулации околу можно заминување, а почетокот од клупата можеби беше порака од Чаби Алонсо.
Сепак, фудбалерот влезе во игра во второто полувреме, околу 60. минута, и успеа да постигне гол по асистенција на Мбапе. Со тоа повторно се впиша меѓу стрелците со белиот дрес — нешто што не му успеало од февруари.
Но, тоа не беше сè. По мечот, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи, тој додаде коментар: „Нека започне сезоната 25/26“, проследен со емоџи бело срце, давајќи до знаење дека е фокусиран на својата игра за Реал Мадрид оваа сезона.
Секако, до крајот на трансферниот прозорец на 31 август ситуацијата може многу пати да се промени и сè е можно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
