
Бразилецот Родриго донел конечна одлука – ќе остане во Реал Мадрид. И покрај претходните шпекулации дека сака да го напушти клубот поради намалена минутажа со доаѓањето на Килијан Мбапе, пресвртот доаѓа по разговорот со идниот тренер на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо.
Според „АС“, Родриго всушност никогаш не сакал да замине, но чувството на потценетост го натерало да реагира и да побара јасност околу својата улога. Разговорот со Алонсо бил клучен – шпанскиот стратег му кажал дека сериозно смета на него, но дека место во стартните 11 мора да се заслужи на теренот.
Оваа искреност била доволна за Родриго, кој сега е максимално мотивиран да се докаже. Веста дека останува во Реал Мадрид значи и крај на надежите за клубовите од Премиер – лигата, особено Манчестер Сити и Арсенал, кои покажаа сериозен интерес.
Единственото сценарио во кое Родриго би можел да замине ова лето, според „АС“, е ако потфрли на Светското клупско првенство и Алонсо го промени мислењето, но во Реал се убедени дека тоа нема да се случи.
Чаби Алонсо, иако сè уште не е официјално претставен како тренер, веќе ги презема првите клучни чекори и покажува дека сака да го задржи клучниот костур на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
