
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, не го криеше разочарувањето по поразот од Франција во четвртфиналето на ЕП 2024 на пенали. Тој изјави дека неговиот тим немал среќа при изведувањето на ударите од белата точка.
Сепак, тој ги пофали своите играчи дека дадоа сѐ од себе.
„Тоа е тажен момент бидејќи играчите многу се бореа и работеа напорно во последните неколку недели. Тага владее во соблекувалната. Нашите навивачи заслужија да ги израдуваат, но не ни успеа. Сепак, ги покажавме можностите на португалскиот фудбал со многу посед. Франција е опасна репрезентација, но ние добро се браневме и одигравме нерешено. Штета е што не можевме да постигнеме гол. Немавме среќа и со пеналите, но има поважни работи во животот од ЕП 2024“, смета Мартинез.
„По натпреварот има многу емоции во соблекувалната, но верувам дека играчите ќе растат по овој пораз. Создадовме многу опасности во последната третина од теренот. По овој настап можам со оптимизам да гледам во иднината“, додаде стратегот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Прва лига
Стефан Спировски се врати во Пелистер

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
