Преку изборот на своите фанови, хрватскиот прволигаш Ријека го избра најдобриот свој состав во последната декада, од 2010 до 2020 година.
А, во изборот место и за двајца македонски интернационалци, Стефан Ристовски и Ленард Жута кои оставија силна трага во дресот на хрватскиот тим. Ријека, како што е познато, во 2017 година стигна до шампионската круна во Хрватска, па не изненадува што поголемиот дел фудбалери се токму од таа генерација во која се и Ристовски и Жута.
Стефан Ристовски, по шампионската сезона, се пресели во Спортинг Лисабон, додека Жута за Ријека настапуваше од 2015 до 2018 година, од каде се пресели во Коњаспор, Турција. Жута постигна два гола во 139 натпревари за Риека, а Ристовски одигра 86 натпревари, во две сезони, постигнувајќи и два гола дополнети и со 16 асистенции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski