Connect with us

Ретклиф одлучил: Отказ за Ерик Тен Хаг и ангажман на Томас Тухел

Манчестер Јунајтед преку пенали успеа да го елиминира Ковентри и се пласира во финалето на ФА купот, но сер Џим Ретклиф беше крајно разочаран од играта на тимот на Ерик тен Хаг и наводно го загубил трпението со холандскиот стручњак.

Утринава англиските медиуми пишуваат дека Ретклиф одлучил како е време да му се заблагодари на Тен Хаг за соработката и дека сега е речиси познато дека Холанѓанецот ќе добие отказ на лето.

Ретклиф сака да ги размрда работите на „Олд Трафорд“ и јасно е дека најдобар начин за тоа е да го смени менаџерот кој не се докажа премногу на клупата на Манчестер Јунајтед во претходните две години.

Се појавија информации дека првиот човек на Манчестер Јунајтед веќе одлучил кој ќе биде нов тренер. Прва желба му е Томас Тухел кој на лето заминува од Баерн Минхен и ќе биде слободен за нов ангажман.

Тухел веќе работеше во Англија каде го водеше Челси и успеа да му донесе европска титула на клубот од „Стемфорд бриџ“. Ретклиф смета дека Германецот е вистинското решение и сега единствено прашање е дали ќе успеат да се договорат за соработка која би стартувала од новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови