Connect with us

Реал во знак на благодарност на Анчелоти ќе му ја исплати и последната година од договорот, во вредност од 11 милиони евра

По напорната сезона во која Реал Мадрид најверојатно нема да освои ниту еден трофеј, Карло Анчелоти одлучи да ја напушти тренерската позиција и да ја преземе функцијата селектор на репрезентацијата на Бразил. Искусниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал уште пет натпревари до крајот на сезоната, по што ќе се прости од „Сантијаго Бернабеу“ и навивачите кои со години го славеа поради многубројните успеси.

Раководството на клубот, предводено од претседателот Флорентино Перез, донело одлука да му ја исплати преостанатата година од договорот, односно 11 милиони евра, како симболична благодарност за сѐ што направил во последните четири години.

Во тој период, Анчелоти со Реал освои 11 трофеи и водеше тимот во многу историски натпревари, со што го зацврсти своето место во историјата на клубот. Иако заминува од тренерската функција, Реал не сака целосно да ја изгуби врската со него – клубот планира да му додели почесна титула амбасадор, со траен статус.

Бразил – неговата последна станица?
Анчелоти најверојатно ќе потпише петгодишен договор со Бразилската фудбалска конфедерација, што би требало да биде неговата последна улога во кариерата. Тој наскоро полни 66 години и улогата на селектор се смета за финален предизвик во неговата долга и успешна тренерска кариера.

Анчелоти има водено клубови како Реџиана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен, Наполи, Евертон и двапати Реал Мадрид. Со бројни освоени трофеи, тој со право се смета за еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови