Реал Мадрид има сезона за заборав, а најверојатно ќе следи и промена на тренерската позиција. Оттаму веќе се планира и реконструкција на тимот за новата сезона. Една од приоритетните цели на клубот е Вилијам Салиба, стоперот на Арсенал.
Интересот на Реал за Салиба не е изненадувачки, особено по неговите блескави настапи против „кралскиот клуб“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Според „Марка“, токму Салиба е „избраниот“ што треба да биде столб на новата дефанзива на Реал во следните години, откако клубот доживеа тежок удар и елиминација токму од Арсенал.
Салиба, кој има само 23 години, е веќе етаблиран како еден од најдобрите стопери во Европа. Стабилноста што ја внесува во одбраната на Арсенал, заедно со Габриел Магаљаеш, е клучна причина зошто „топчиите“ имаат најдобра одбрана во Премиер – лигата оваа сезона – само 29 примени голови во 35 натпревари.
Иако Салиба минатото лето потпиша нов долгорочен договор со Арсенал и беше избран во најдобриот тим според ФИФА за 2024 година, интересот од Реал би можел да биде примамлив, особено со оглед на амбициозниот проект во Мадрид и присуството на ѕвезди како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.
На списокот на Реал Мадрид се наоѓаат и имиња како Мануел Аканџи од Сити и Дин Хујсен од Борнмут, но токму Салиба е на врвот на приоритетите.
Прашањето е дали Арсенал би бил подготвен да се раздели со играчот кој е клучен за нивната дефанзивна стабилност, особено по неуспешната битка за титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













