Connect with us

Реал Мадрид сака да го „украде“ Бернардо Силва?

Реал Мадрид го елиминира Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а на лето планира да му зададе уште еден удар на англискиот клуб. Карло Анчелоти и Флорентино Перез се во мисија да го купат Бернардо Силва.


Португалецот е трансферна цел и на Барселона, но „кралевите“ се надеваат дека можат да излезат како победници и во оваа трка.

Играчот за врска е под договор со клубот од Манчестер до 2026 година. Тој пристигна во 2017 година од Монако, а порасна во младинската школа на Бенфика.

Сезонава на 42 натпревари постигна 11 гола и забележа пет асистенции. Неговата пазарна вредност е проценета на околу 80 милиони евра.

Покрај Бернардо Силва, Карло Анчелоти, го посакува и стоперот на Интер, Алесандро Бастони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови