Connect with us

Реал Мадрид нападна: Утре ќе играме против Барселона и против судиите (ВИДЕО)

Реал Мадрид почна со „студената војна“ пред утрешното полуфинале од Купот на Кралот против Барселона. „Кралскиот клуб“ објави видео во кое објаснува дека делегираните судии неколку пати го имаат оштетено.


Хуан Мунуера ќе биде главен судија, а Хозе Луис Гонзалес ќе раководи со ВАР-системот.

„Мартинез Мунуера ќе ни суди на Ел Класико во Барселона, Гонзалез ќе биде ВАР судија… Каква коинциденција! Правдата ќе ни ја дели тандем од кои мадридистите имаат најлоши спомени. Тоа е судиски тандем кој ги водел натпреварите на кои Реал Мадрид е оштетен најмногу во новата историја, а тоа е мечот Реал – Севиља во сезоната 2020/2021, кога нивните грешки ни ја земаа титулата во Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалез тогаш направија дури шест клучни грешки на штета на Реал“, објави Реал Мадрид на клупската телевизија.

Првиот меч кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ го добија Каталонците со 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови