
Реал Мадрид ја зацврсти одбраната со доведувањето на 20-годишниот Дин Хујсен, договорениот трансфер на Трент Александер-Арнолд (26) и планираното засилување на левата бековска позиција со Алваро Карерас, а сега размислува за нови решенија и во средниот ред. Како потенцијална замена за Лука Модриќ, на врвот на листата се наоѓа Нико Паз (20).
Како што пишува „АС“, одличната сезона што младиот играч од средниот ред ја одигра во италијанскиот Комо не поминала незабележано кај Кралевите. Покрај тоа, фактот дека Реал сè уште поседува дел од неговите права, го прави неговото враќање логичен и финансиски исплатлив потег.
Нико Паз веќе беше тестиран во првиот тим и запиша осум настапи во сезоната 2023/24, по што прејде во Серија А.
Неговата приказна е совршен пример за политиката што Реал Мадрид ја спроведува во последниве години, враќање на талентирани фудбалери кои потекнуваат од нивната академија. Кога летово беше продаден на Комо за шест милиони евра, клубот задржа 50% од правата на играчот и право на откуп по поволна цена.
Реал може да го врати ова лето за само осум милиони евра. Клаузулата за откуп важи и во 2026 година (за девет милиони), како и во 2027 година (за десет милиони евра).
„Реал може да го откупи, но ако не го стори тоа, ние не би го продале ни за 40 или 50 милиони“, изјави Цеск Фабрегас, тренерот на Комо. Според „Трансфермаркт“, Паз е највредниот играч на клубот, со проценета пазарна вредност од 35 милиони евра. Во својата прва сезона за Комо постигна шест голови и забележа осум асистенции.
„Доаѓа време за размислување за средниот ред кој полека слабее. Летоска не беше донесена замена за Тони Крос, а ова лето клубот ќе се прости и од Лука Модриќ. Двајца играчи чие отсуство ќе остави тешко надоместлива празнина, но и чие заминување го прави неопходно доведувањето на нови засилувања – по секоја цена“, наведува „АС“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи и Конте ќе продолжат заедно

Интернационалци
Јован Манев со Ријека стигна до двојна круна во Хрватска

Евро-фудбал
Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Кристал Палас

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?

Млади репрезентации
Младите фудбалери ремизираа без голови против Косово
