Connect with us

Реал Мадрид го враќа Брахим Дијаз на „Бернабеу“

Шпанскиот офанзивен играч за врска Браим Дијаз следното лето ќе се врати во Реал Мадрид. 23-годишниот фудбалер моментално е во втората и последна година од втора позајмица во Милан, но „росонерите“ немаат опција за откуп на договорот.


Поранешниот играч на Манчестер Сити е трета сезона во Милан. Тој пристигна во летото 2020 година и досега има 90 настапи и 13 гола во црвено-црниот дрес, од кои последниот беше пред една недела во дербито со Јувентус во конечната победа од 2-0.

Брахим Дијаз не доби голема шанса во Реал Мадрид, но би можел да ја има следната сезона, со оглед дека Карло Анчелоти побара да го има во составот откако тој се докажа во дресот на Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови