Connect with us

Реал Мадрид го тужи првиот човек на Ла Лига

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави соопштение во кое се наведува дека ќе поднесе тужба против претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Освен Тебас, на „тапет“ на Мадрид се и шефот на инвестицискиот фондот „ЦВЦ“, Хавиер де Хауме Гухара и самата компанија, против која исто така ќе биде покрената тужба.

На тој начин, Реал Мадрид сака да го поништи договорот помеѓу Ла Лига и фондот „ЦВЦ“, чии ставки во договорот се во спротивност со намерите на „кралскиот клуб“ и на Барселона. И покрај фактот дека соработката помеѓу Ла Лига и фондот ЦВЦ е вредна 2,5 милијарди евра, а дури 90 проценти би биле поделени меѓу тимовите, таа идеја не им се допаѓа на најголемите клубови во Шпанија.

Причината за тоа е желбата на Барса и Реал во иднина да ја формираат Европската Суперлига, од која единствени, заедно со Јувентус, не се откажуваат. Договорот меѓу Ла Лига и фондот ЦВЦ значеше дека шпанските клубови не можат да играат и да се приклучат на Суперлигата.

Главната причина зошто Барселона остана без Лионел Меси е тоа што не се согласи со договорот меѓу Ла Лига и фондот ЦВЦ, верувајќи дека Суперлигата секако ќе се профункционира во иднина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови