Connect with us

Реал Мадрид го купува братот на Џуд Белингам

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингaм (21), е еден од најдобрите фудбалери во светот. Минатата сезона со Реал ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. За мадридскиот клуб досега има 90 настапи, 36 голови и 26 асистенции, додека за Англија има шест голови на 42 натпревари.

Според шпанска „Марка“, Џуд наскоро можеби нема да биде единствениот Белингам во Реал. Имено, „кралскиот клуб“ сака во Мадрид да го донесе неговиот 19-годишен брат Џоби, играч од средниот ред кој настапува за Сандерленд во Чемпионшип дивизијата, која многумина ја сметаат за најтешка во светот.

Џоби Белингем оваа сезона има три гола и четири асистенции на 39 лигашки натпревари за Сандерленд. Важно е да се напомене дека во април официјално беше прогласен за најдобар млад играч во оваа предизвикувачка лига, а блиску до ова признание беше и минатата сезона, кога постигна седум голови.

Едно коло пред крајот, Сандерленд е на четвртото место во Чемпионшип и веќе обезбеди место во плејофот за пласман во Премиер – лигата. Клубовите од третото до шестото место ќе играат ‘полуфинале и финале’ за уште едно место во елитата.

Самото влегување во Премиер – лигата на клубовите им носи најмалку околу 150 милиони евра, без да се смета очекуваниот пораст на приходите од билети, продажба на сувенири и слично. Вредноста на Џоби Белингам момемтно е проценета на 22 милиони евра.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Англичаните би побарале најмалку 40 милиони евра. Тоа значи дека помладиот Белингем има шанса ова лето, најпрвин преку плејофот, а потоа и со можен трансфер во Реал, да му донесе на клубот скоро 200 милиони евра.

Џоби е млад англиски репрезентативец и во Сандерленд го обожуваат поради неговата работна етика и менталитет. Според тие карактеристики многу потсетува на Џуд, кој ја започна својата професионална кариера во Бирмингем пред четири години. Борусија Дортмунд го купи летото 2020 за 30 милиони евра, а летото 2023 Џуд прејде во Реал Мадрид за 113 милиони евра.

Џоби, изгледа, тргна по неговите стапки. Како многу млад се наметна како еден од лидерите на својот тим, а неговите настапи ги следат сите големи англиски клубови, но и Борусија Дортмунд.
Поранешниот играч на Сандерленд, Мајкл Бриџис, неодамна зборуваше за Џоби.
„Неговата иднина е застрашувачка. Луѓето велат дека би можел да го надмине Џуд и да стане подобар играч од него“, изјави тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови