Европскиот првак Реал Мадрид е заинтересиран за германскиот репрезентативец Тимо Вернер од Челси. Тој би можел да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, откако Карло Анчелоти напомена дека му е потребен уште еден напаѓач кој би можел да биде квалитетна замена за Карим Бензема.
Тимо Вернер дојде во Челси во 2020 година како големо засилување од Лајпциг во трансфер вреден 53 милиони евра, но не успеа да го потврди својот статус.
Тој одигра 56 натпревари во Премиер – лигата и постигна само десет гола.
Претходните денови напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Јувентус.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski