Левиот бек на Бенфика, Алваро Карерас, е на чекор да стане ново засилување на Реал Мадрид. Според информациите на „Скај Спортс“, 22-годишниот Шпанец веќе ги прифатил личните услови што му биле понудени од шпанскиот гигант.
Идниот тренер на „кралевите“, Чаби Алонсо, гледа токму во Карерас идеално решение за засилување на левата страна од одбраната. Сепак, трансферот сè уште не е комплетиран, бидејќи преговорите со Бенфика се покажуваат како сложени. Претставниците на Реал, Хуни Калафат и Хосе Анхел Санчес, работат на тоа да постигнат договор со португалскиот клуб и евентуално да ја намалат откупната клаузула, која изнесува 50 милиони евра.
Интересно е што Карерас веќе има историја со Реал Мадрид, тој беше дел од младинската академија на клубот од 2017 до 2020 година. Потоа се пресели во Манчестер Јунајтед, кој го испрати на позајмица во Престон, Гранада и Бенфика. Португалскиот клуб го откупи неговиот договор летото 2024 година за 6 милиони евра и му понуди договор до 2029 година.
Доколку трансферот се реализира, Карерас ќе се приклучи на значително засилената дефанзива на Реал Мадрид, во која веќе се новите имиња Трент Александер-Арнолд и Дин Хујсен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













