Раководството на Реал Мадрид продолжува со активни потези на трансфер пазарот во обид да го засили тимот пред Светското клупско првенство ова лето.
На „Сантијаго Бернабеу“ веќе се финализирани трансферите на: Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен, a се очекува наскоро да пристигне и Алваро Карерас, левиот бек од Бенфика.
Според шпанските медиуми, новата трансферна цел на Реал Мадрид е Анџело Штилер од Штутгарт. Новиот тренер на „кралевите“, Чаби Алонсо, има намера да донесе дефанзивен играч за врска, но со способност да го води изнесувањето на топката и да го диктира темпото на игра, каков што беше Тони Крос.
Прв избор на Чаби Алонсо бепе Мартин Зубименди, но играчот на Реал Сосиедад веќе е пред потпис со Арсенал, што го натера стратегот да му предложи на клубот да се насочи кон Штилер.
Анџело Штилер, 23-годишен германски фудбалер, блескаше во средниот ред на Штутгарт оваа сезона и беше клучна фигура во нивниот пласман при врвот на Бундес-лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













