Connect with us

Рашфорд по операцијата на рамото: Се чувствувам добро

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд минатиот петок имал операција на рамото, а веќе се чувствува подобро. Инспиративниот напаѓач на Јунајтед објави оптимистичка порака на социјалните мрежи.

„Ви благодарам за сите добри желби. Имав операција во петокот наутро и се помина многу добро. Малку болно, но освен тоа се чувствувам добро. Се надевам дека сите имате одличен ден!”, напиша Рашфорд.


Тој ја пропушти целата претсезонска кампања на Манчестер Јунајтед досега и нема да биде вклучен во отворањето на Премиер – лигата викендов против Лидс на „Олд Трафорд“.

Последниот натпревар на Рашфорд беше со Англија во финалето на ЕП 2020 и, откако беа направени дополнителни проценки за неговата повреда и по заслужениот одмор, неговата операција беше извршена минатата недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови