Connect with us

Рамани: Мора да го победиме Вардар!

Македонскиот прволигаш Шкупи утре го пречекува Вардар на Чаир во градското дерби од 25.коло во Првата лига. Тимот од Чаир е во трка за титулата и сите бодови им се екстремно важно во битката со Струга ТЛ и со Шкендија.


Хамза Рамани најавува жестока борба на теренот и се надева на триумф.

„Мечот со Вардар е многу важен за нас. Мораме да славиме и да ги освоиме трите бода, иако знаеме дека предизвикот нема да биде лесен. Овој натпревар доаѓа по репрезентативната пауза, но се надевам дека сите играчи ќе бидат максимално подготвени“, изјави младинскиот репрезентативец на Македонија.

Шкупи има три бода негатива во однос на лидерот Струга ТЛ во трката за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови