Connect with us

Раководството на ФФМ одржа состанок со клубовите од ЖМФЛ: Финансиска поддршка за сите прволигаши

Во „Куќа на фудбалот“, раководството на Фудбалската федерација на Македонија, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски и неговиот заменик Дрилон Ганиу, оддржаа состанок со претставници на сите клубови од Првата женска фудбалска лига.

Работната средба со претставниците на клубовите ја отвори потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев, а генералниот секеретар, Филип Поповски им ја претстави на клубовите процедурата која се однесува на Правилникот за лиценцирање и соодветните спортски, инфраструктурни, административни, правни и финансиски критериуми кои клубовите треба да ги исполнат за да можат да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА.

Генералниот секретар на ФФМ, исто така, пред претставниците на клубовите го претстави процесот на лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија и органите на ФФМ кои учествуваат во лиценцирањето, како и најважните критериуми од новиот Правилник за лиценцирање клубови.

Клубовите треба да исполнат еден или повеќе од наведените критериуми за да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА во висина од 10.000 Евра добиени од телевизиските права од женската Лига на шампиони.

СпортскиМлади тимови Медицинска грижа за играчи– Млади тимови на возраст од 12-17год. Вклучени во официјални натпреварувања- Годишни медицински прегледи за сениорскиот тим во согласност со УЕФА медицинските правилници- Годишни медицински прегледи за играчи над 12 години
ИнфраструктураДостапност на тренинг терени Инфраструктура на стадиони-Тренинг терени кои се достапни преку цела година за употреба од сите тимови-Подобрување на ифраструктура на стадионите со цел на исполнување на минимум критериумите на стадионите дефинирани во правилникот за инфаструктура на стадиони.
Персонални и административни критериумиСекретаријат на клубот Адинистративен менаџер Доктор Физиотерапевт Тренер на сениорски тим Тренер на млади тимови-Соодветен број на клубски квалификуван персонал кој ќе работи на секојдневните активности-Менаџер задолжен за водење  активности поврзани со женски фудбал-Најмалку 1 квалификуван доктор за да обезбеди подршка за време на тренинзи и натпревари-Најмалку 1 квалификуван физиотерапевт за да обезбеди медицински третмани и масажи за време на тренинзи и натпревари-Тренер со  УЕФА A лиценца (или друга  призната диплома со иста тежина)-Најмалку 1 квалификуван тренер на млади, со минимум тренерска квалификација согласно националната тренерска организација

„Имаме очигледна потреба да создадеме посериозна база на женскиот фудбал и затоа го засиливме оперативниот дел од нашата работа со клупска обврска за исполнување на барем еден од важните критериуми кои ги посочуваме. Резултатите од претходните години покажуваат благ напредок, но мора да продолжиме со развојот и овие промени во процесот на лиценцирање се чекор во таа насока“.

„Развојот на женскиот фудбал не треба да се потпира на краткорочна добивка, туку на долгорочна визија. Благодарение на солидарните фондови кои се основата на овој тип на проекти, но и на зголемениот награден фонд, секое евро генерирано од женската Лига на шампионите ќе се врати уште повеќе во женскиот фудбал. Наша цел е клубовите на вистински начин да го сфатат тоа и се разбира, заедно со федерацијата да работат на подобрување на условите во женскиот фудбал“, изјави Филип Поповски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови