
Раководството на УЕФА предводено од Александар Чеферин (претседател на УЕФА), Теодор Теодоридис (генерален секретар на УЕФА) и Зоран Лаковиќ (директор за Национални асоцијации во УЕФА), во француски Кан, организираше состанок со претседателите и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска Асоцијација.
Фудбалската федерација на Македонија беше претставувана од претседателот Муамед Сејдинии и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.
Состанокот се одвиваше во рамки на ТЕП којаод 2005 година ги обединува претседателите и генералните секретари на членките на УЕФА со раководството на УЕФА.
На заедничката работилница се дискутираше за новостите во фудбалот на националните тимови, вклучувајќи го инеодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата „Хет-трик“.
На тема клупски фудбал се разговараше за новиот формат на клупските натпреварувања и распределбата на средствата. Раководните луѓе на УЕФА со колегите од асоцијациите – членки дискутираа изакандидатите за организација на идните светски првенства, Шпанија, Мароко и Португалија во 2030 година и Саудиска Арабија во 2034 година.
Во рамки на работниот дел од состаноците се одржаа две одделни работилници – на првата се разговараше за односите на УЕФА со клучните чинители, а на втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.
Главните размислувања на темата за влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот се ризикува дасе создадат поделби таму каде што не би требало да има, претворајќи го фудбалот во политичка алатка. Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
