Connect with us

Рафаел Леао пак го одбил Милан, а на лето ќе го чекаат Реал, Челси и Сити

Рафаел Леао би можел да го напушти Милан следното лето. Tој досега одбил три понуди на Милан за продолжување на соработката, а зад сето тоа стојат три европски гиганти, Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити.


Леао играше многу добро и на Светското првенство, иако влегуваше од клупата, постигнувајќи два гола, но не можеше да и помогне на Португалија да се пласира во полуфиналето.


Тој има договор до 2024 година и доколку не потпише нов, Милан ќе биде во неволја на лето бидејќи ќе мора да го продаде за да заработи на неговото обештетување.


Неговата моментна клаузула е 150 милиони евра, но ситуацијата ќе биде поинаква доколку Леао влезе во последната година од договорот, што значително ќе ја намали неговата цена.


Ова не е првпат да се поврзува со Реал Мадрид, а новина е што во трката се вклучија и Манчестер Сити и Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови