Шампионот Струга Трим Лум гостува на арената „Тодор Проески“ и ќе ги одмери силите со Работнички во последниот меч од 24.коло од Првата лига. Конкурентите не успеаја да победат, Шкендија и Шкупи вчера ремизираа на гостувањата против Вардар и против Воска, па сега на стружани им се отвора можност да се одлепат малку на врвот.
Дефанзивецот Сава Радич верува дека неговиот тим ќе успее да оствари позитивен резултат на арената. Мечот е закажан од 15 часот.
„Пред еден месец игравме против Работнички. Знаеме за каков тим се работи. Разбирливо е дека овојпат е многу подобро бидејќи ќе играме на арената „Тодор Проески“ која нуди одлични услови за игра. Што се однесува до нас, како Струга Трим Лум, играме натпревар по натпревар, секој натпревар за нас е многу важен и секако дека сакаме да ја одбраниме титулата. Важно е да се биде сконцентриран, фокусиран и што е уште поважно, да се исполнат барањата на тренерот. Ако направиме такво нешто, тогаш верувам дека без проблем ќе дојдеме до три бода и со мирна глава ќе одиме на одмор“ – изјави дефанзивецот на Струга ТЛ, Сава Радич.
Тој не знае за пораз на натпреварите против Работнички. На досегашните осум дуели забележа шест победи и две ремија во пресметките против „романтичарите“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski