Македонскиот прволигаш Работнички претстави три нови засилувања во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната. Нови фудбалери на „романтичарите“ се Али Рeгба, Сефа Кахраман и Емре Кадри. Тие заедно со претходно ангажираниот Сабит Билали се четворицата нови фудбалери во тимот на Гоце Седлоски.
Али Рeгба (24) е напаѓач, кој ги минал младинските категории на англискиот премиерлигаш Лестер, а потоа играл за ирскиот Бохемијанс и за алжирскиот Белуиздад.
Сефа Кахраман (26) е дефанзивец, кој игра на стоперската позиција, но може да одговори и на левата бековска позиција. Тој има играно за германскиот тим Тенис Борусија, англискиот Ебсфлит и за турскиот Усак спор.
Емре Кадри (19) е дефанзивец, кој игра на десната бековска позиција и доаѓа од Адана Демирспор.
Претходно, Работнички го ангажираше и Сабит Билали (26), играч од средниот ред кој има најголемо искуство во македонскиот фудбал, со оглед дека во минатото играше и за Шкендија, Шкупи, Гостивар и за Македонија ЃП, а во Работнички дојде од албанскиот тим Партизани.
Работнички в недела на стадионот „Борис Трајковски во Маџари во 19.коло го пречекува актуелниот шампион Струга Трим Лум.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski