
Вардaр го доби дуелот против Работнички (1-0) на стадионот „Борис Трајковски“. Стрелец на голот беше Дарко Мицевски од пенал во 77.минута, а потоа при радоста и се повреди.
Со ова најтрофејниот македонски клуб малку живна иако е се уште во загрозена зона.

Шкендија во Тетово ја пречека Брера и дуелот заврши 1-1. Брера поведе во 75.минута преку Антонио, а Аденис Шала израмни четири минути подоцна.
Македонија ЃП играше против шампионот Струга ТЛ во Ѓорче Петров и загуби со 0-3. Згуро го отвори резултатот, Мазрекај зголеми на 0-2 пред полувремето, а Бесарт Ибраими ја затвори серијата во 81.минута.
Шкупи во Куманово беше домаќин на Брегалница, но тоа не му пречеше на тимот од Чаир да стигне до триумф од 1-0. Дарко Илиески беше стрелец на погодокот во петтата минута, а Брегалница не реализираше пенал во 35.минута преку Виктор Велкоски. Иљази го одбрани неговиот удар.
Гостивар и Воска одиграа интересен меч, а крајниот епилог беше реми, 1-1. Марушиќ во 65.минута ги доведе гостите во водство, а израмни Алпер Потук во 90.минута од мечот.
Силекс во Кратово го победи Тиквеш со 1-0. Марјан Ристовски во 80.минута погоди за триумф.
ПРВА ЛИГА, 11.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-1
ШКЕНДИЈА – БРЕРА 1-1
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0-3
ГОСТИВАР – ВОСКА 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
