Connect with us

ПСЖ во голема мисија: Жозе Мурињо и Хари Кејн од лето заедно во Париз

Хари Кејн и Жозе Мурињо, поранешните соработници од Тотенхем, би требало повторно да се сретнат во ист клуб, но не во Италија или Англија. Имено, Шпанците пишуваат дека ова дуо е најголемата желба на францускиот шампион ПСЖ под мисијата „двојна трансфер бомба“.


Иако актуелниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие со победи во последните две кола купи мир до крајот на сезоната, сепак следната сезона нема да го води ПСЖ. Голема желба на Луис Кампос е Жозе Мурињо со кого веќе соработуваше во Реал Мадрид пред десет години. Предноста на Мурињо, освен одличниот имиџ, е и тоа што е исклучително успешен во европските натпреварувања и веќе има освоено пет трофеи во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Единствениот проблем, пишуваат Шпанците, може да биде што Мурињо можеби нема да биде компатибилен со сегашниот кадар на ПСЖ. Токму поради лошото разбирање со играчите и судирот на ега имаше неуспеси во последните неколку клубови пред Рома.

Најголема желба на катарските сопственици е доаѓањето на Хари Кејн од Тотенхем. Англискиот напаѓач е под договор со Тотенхем до летото 2024 година, што значи дека лондонскиот клуб мора да го продаде на лето доколку сака да заработи од неговото заминување.

Секако, ПСЖ има клучна мисија да го задржи Килијан Мбапе, а „Ле Паризиен“ пренесува дека Мбапе е главната причина поради која клубот го посакува Кејн. Имено, Мбапе не сака да игра централен напаѓач и смета дека неговите карактеристики се многу поважни на крилната позиција.

Во случај да не го доведат Кејн, следен на листата на ПСЖ е Рандал Коло Муани од Ајнтрахт. ПСЖ го почитуваше финансискиот фер-плеј и, во овој поглед, нема да има проблеми со овие трансфери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови