Connect with us

ПСЖ тргнува по Гонсало Рамош, треба да го замени Мбапе

Пари Сен Жермен дефинитивно не смета на услугите на Килијан Мбапе за новата сезона, се чека официјална понуда од Реал Мадрид за да се разгледа можноста тој да биде продаден до крајот на август, а „светците“ веќе се во потрага по негов наследник.


Со доаѓањето на Осман Дембеле делумно ќе биде пополнета „дупката“, но решението се бара во напаѓачот на Бенфика, Гонсало Рамош.


Овој напаѓач го привлече вниманието на себе со хет-трикот на Мундијалот против Швајцарија, а со 19 гола во лигата ја предводеше Бенфика до титулата во Португалија. Го нарекуваат „магионичар“, а минатата зима се споменуваше и како можно засилување за Реал Мадрид.


ПСЖ е подготвен да плати 80 милиони евра за Гонсало Рамош и да го доведе на „Паркот на принцовите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови