Connect with us

ПСЖ сака да го купи Маркус Турам, Интер бара 80 милиони евра

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, е една од главните цели на францускиот шампион Пари Сен Жермен за летниот преоден рок, пренесува „Football Italia“. Според изворот, парижаните бараат замена за Килијан Мбапе, кој на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч.


Поради ова, тие се решија за Турам, бидејќи тој може да игра и како централен напаѓач, но и на крилните позиции. „

Нероаѕурите“ немаат ништо против да го пуштат играчот на лето, бидејќи од неговиот трансфер би можеле да заработат добра сума за која ќе бараат најмалку 80 милиони евра.

Турам е во Интер од летото 2022 година, кога беше доведен од Борусија Менхенгладбах како слободен играч. Оваа сезона за италијанскиот клуб постигна 12 гола и забележа седум асистенции на 40 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови