Connect with us

ПСЖ одлучил да го стави Нејмар на трансфер – листа

ПСЖ утревечер го игра клучниот натпревар во сезоната. Првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите парижаните ќе го одиграат против Баерн, а од исходот на двомечот зависи целата сезона на клубот од „Паркот на принцовите“.


Париските шеици вложија милијарди евра во клубот со цел да ја освојат Европа, но тоа сѐ уште не се случи.

Тренерот Кристоф Галтие пред важните мечеви со Баерн има многу проблеми со повредите, а ПСЖ веќе доживеа елиминација во Купот на Франција.

Но, уште поголем проблем од резултатите на тимот е атмосферата во соблекувалната која Нејмар од ден на ден ја влошува. Бразилецот по поразот од Монако направи вистински хаос во соблекувалната бидејќи прво се расправаше со соиграчите, а потоа го нападна спортскиот директор Луис Кампос. Ова не е прв ваков случај за Нејмар, но клубот и претходно често му прогледувал низ прсти. Изгледа веќе нема да биде така.

„Ле Паризиен“ денеска објави како ПСЖ одлучил дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот бидејќи внесува непотребен немир во тимот. ПСЖ на лето ќе го стави на трансфер листа.
Нејмар во ПСЖ пристигна како огромно засилување пред речиси шест години од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови