Connect with us

ПСЖ му нуди на Меси нов договор со 75 отсто помала плата

„Се ближи разводот“, најавува најугледниот спортски дневен весник „Л’Екип“ за неизбежното заминување на Лионел Меси од ПСЖ. Аргентинецот би можел да остане само доколку ја прифати понудата на ПСЖ за продолжување на договорот, но таа е таква што речиси и да не неприфатлива за него.


Меси би добил нов договор само доколку се согласи на драстично намалување на платата за дури 75 проценти. Тој сега заработува околу 40 милиони евра годишно, а понудата на ПСЖ за следната сезона изнесува околу 10 милиони евра.

Пари Сен Жермен мора да направи таков потег за да остане во рамките на параметрите на финансискиот фер-плеј.

Интересно е дека и Барселона му нуди договор со плата од 10 милиони евра, а потоа и бонус што Меси би го добил со организација на проштален натпревар на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови