
Париз блескаше во сино и црвено – илјадници навивачи на Пари Сен Жермен синоќа излегоа на улиците за да ја прослават најголемата победа во историјата на клубот. Трофејот од Лигата на шампионите конечно слета во француската престолнина, а стадионот „Парк на принцовите“ веќе има ново лице – украсено со симболите на европскиот шампион.
Шампионската парада мина со величествена енергија и гордост, но славјето не помина без дамки. Во текот на ноќта се случија сериозни инциденти во кои животот го загубија две лица, а повеќе од 100 се повредени. Француските власти реагираа со засилено полициско присуство и над 200 приведени, додека истрагата за немирите веќе е во тек.
И покрај немирите, спортскиот успех на „светците“ е неспорен. Со освоените домашни трофеи и европската круна, тимот на Луис Енрике го испиша името на клубот во елитното друштво на тројни шампиони – подвиг што досега го имаат остварено само девет други европски великани, меѓу кои Барселона, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
Пари Сен Жермен не само што го освои врвот, туку и финансиски триумфираше – со околу 150 милиони евра приход од европската сезона, клубот постави нов рекорд за една сезона во Лигата на шампионите.
ПСЖ конечно ја оствари својата најголема цел. Европскиот сон стана реалност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
