Connect with us

ПСЖ го понудил Нејмар во размена за Бернардо Силва, но добил „не“ од Сити

Пари Сен Жермен му понудил на Манчестер Сити „дил“ според кој Нејмар ќе го засили англискиот шампион, а во спротивна насока ќе тргне Бернардо Силва. Сепак, одговорот на „граѓаните“ бил негативен, тврди „Ле Паризиен“. Покрај ова, и Нејмар не сака да замине од Париз.


Ова е уште една информација летово според која францускиот гигант се обидува да се раздели со бразилската ѕвезда. Сепак, ниту една од нив досега не е потврдена.


Бразилскиот фудбалер има договор со ПСЖ на уште три сезони, а е пред продолжување на уште 12 месеци поради клаузула во него.


За време на промоцијата, новиот тренер на тимот Кристоф Галтие објасни дека планира да се потпре на Нејмар во текот на новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови